12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН оценија дека 2023 година е најсмртоносната година во историјата на палестинско-израелскиот конфликт

Специјалниот пратеник на Обединетите нации за блискоисточниот мировен процес, Тор Венесланд, пред Советот за безбедност изјави дека 2023 година завршува како една од најсмртоносните во историјата на палестинско-израелскиот конфликт и дека ситуацијата се влошува на речиси сите фронтови.

Како што јави агенцијата „Вафа“, му го привлече вниманието на тешката хуманитарна ситуација во Појасот Газа.

„Испораката на хуманитарна помош во Појасот Газа се соочува со неверојатни предизвици“, рече Венесланд додавајќи дека поради непријателствата, системот за хуманитарна реакција е на работ на колапс.

Тој исто така го осуди убиството на цивилите во Газа, вклучувајќи жени и деца, и изрази жалење за загубата на секој цивилен живот, вклучително и 131 член на организациите на ОН, кои беа убиени во израелските напади врз Газа.

Венесланд исто така изрази длабока загриженост поради растечките тензии на окупираниот Западен Брег вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Тој укажа и на смртоносните напади на израелските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег и Израел.