23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Екстремно студено во Сибир: Температурата на воздухот во Краснојарск се спушти до минус 50 степени

Температурите на воздухот во рускиот град Краснојарск се спуштаат до минус 50 Целзиусови степени, а локалните власти ги затворија училиштата поради екстремниот студ во овој сибирски регион.

Дневните температури на воздухот во Краснојарск се просечни околу 35 степени, а ноќе се спуштаат до минус 50. Училиштата се привремено затворени, а маглата ја намалува видливоста и го отежнува сообраќајот. Поради големиот студ и маглата исчезнаа големиот сообраќаен метеж.

Краснојарск е главен град на истоимениот регион во Русија, на горниот тек на реката Јенисеј и на Транссибирската железница

Тој е еден од најголемите културни и индустриски центри на Сибир, а познат е и по производството на локомотиви, жетвари, челични конструкции, градежни материјали, цемент, кожа, гума, синтетички влакна, целулоза, хартија, свила, електротехнички уреди и фармацевтски производи.