17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавина затрупа две лица во Австрија, во тек се спасувачки операции

Лавина затрупа две лица во австриската покраина Салцбург во близина на Обертауерн, едно од најголемите скијачки центри во земјата, јавија австриските медиуми.

Сè се случило во попладневните часови.

Во тек е операција за пребарување во која учествуваат спасувачи, а се користат и хеликоптер и кучиња трагачи, се додава во извештајот.

Лавините на Алпите одземаат околу 100 животи секоја година, покажуваат податоците на Европската служба за предупредување за лавини.