17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израел тврди: Запленивме повеќе од милион долари од Хамас во Газа

Израелската армија конфискуваше имот во вредност од околу 1,3 милиони долари за време на војната со милитантната група Хамас во Појасот Газа.

Како што изјавила портпаролката на израелското Министерство за одбрана, најголем дел од парите биле во израелски шекели, а биле пронајдени во „упоришта на Хамас и во домовите на бараните лица каде што бил активен Хамас“.

Запленети се и пари во ирачка и јорданска валута и американски долари. Парите ќе бидат уплатени во израелската каса.

Портпаролката не кажа како владата ќе ги потроши парите.

Минатата недела, комисијата за финансии на израелскиот парламент одобри буџет од 1,15 милијарди шекели (308 милијарди долари) за обнова на израелските гранични пунктови уништени на 7 октомври во напад на Хамас. Потоа следеше инвазијата на Појасот Газа.

Министерството за здравство на Хамас тврди дека во нападите досега се убиени околу 15.000 Палестинци.