20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Доктор од болницата „Ал Шифа“: Израелските сили постојано не испрашуваат за Хамас

Лекарот во палестинската болница „Ал Шифа“ во Газа, Ахмед ел Михалати, рече дека израелските сили постојано ги испрашуваат вработените во болницата за Хамас.

„Вообичаеното прашање е – дали знаете нешто за групата Хамас, дали знаете нешто за тунелите под болницата?“, изјави Ел Михалати за Си-Ен-Ен, додавајќи дека персоналот е ограничен да се движи низ болницата, која ја посети минатата недела. Таму како што раскажува влегла израелската војска.

Голем број пациенти беа евакуирани во текот на викендот од „Ал Шифа“, вклучително и 31 бебе, кои беа префрлени во болницата„ Ал-Хелал ал-Емирати“ во јужниот дел на Газа.

Ел Михалати рече дека две бебиња и двајца возрасни починале во саботата, оставајќи 259 пациенти, седум лекари и пет медицински сестри во болницата.

Тој нагласи дека болницата останува без анестетици, боци со кислород, лекови и резерви на крв.

Апелирајќи до меѓународната заедница да помогне, тој изјави дека израелските сили само еднаш доставиле вода и храна во болницата.

Израел тврди дека под најголемата болница во Газа има командни центри и тунели на Хамас, додека палестинската милитантна група ги отфрла овие тврдења.