Децата во Појасот Газа, кои не се убиени од бомби, се изложени на ризик да умрат од глад, болест или дехидрација, објави организацијата „Спасете ги децата“.
– Ситуацијата е катастрофална. Цивилите, особено децата, продолжуваат да ја плаќаат највисоката цена за тековното насилство – изјави Александра Саје од „Спасете ги децата“ во Вашингтон, пренесува Ал Џезира.
Како што изјави Саје, вкупниот број на убиени деца во Газа во изминатите неколку недели е поголем од вкупниот број на деца убиени во сите конфликти од 2019 година.
Таа предупреди дека бројките ќе се зголемат доколку не се воспостави прекин на огнот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...