11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА? Повеќе случаи на труење со газирана вода, се огласи министерот за здравство

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ги посети новопристигнатите пациенти во КБЦ Загреб, соопшти Министерството за здравство.

Откако едно лице претходно беше хоспитализирано во болница во Риека поради сомневање за повреда на хранопроводникот по конзумирање на загадена минерална вода во кафуле, уште двајца пациенти се примени во Клиничката болница во Загреб поради случај на труење со пијалок, објавија вечерва хрватските медиуми.

Хрватскиот министер за здравство Вили Берош ги посети новопристигнатите пациенти во КБЦ Загреб, соопшти Министерството за здравство.

– Првата повреда беше во Риека, а пациентот има сериозни повреди и се следи неговата состојба која е стабилна – изјави Берош.

Тој изјави дека кога станува збор за вториот повреден, неговата состојба е исто така стабилна, додека во третиот случај се работи за 38-годишен маж, а се уште не се знае дали причината била пиењето.

– Најважно е што немаме елементи врз основа на кои би можеле да ја предупредиме јавноста да се чува од одредени пијалоци, но доколку некој почувствува непријатност да се обрати на лекар – рече Берош.

Тој додаде дека кога ќе има повеќе информации за поврзаноста на овие настани, ќе ја информира јавноста.