11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето драстично се менува, доаѓа студен бран, врнежи до дожд кои некаде ќе преминат во СНЕГ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Утре ќе преовладува облачно и посвежо време, а почнувајќи од северните и северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе се прошират насекаде. Врнежите локално ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи, а наместа ќе наврнат и над 20л/м2.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во четврток. Од петок попладне под влијание на нов влажен и постуден бран времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег.

Во петок и сабота ќе дува засилен ветер од јужен и југозападен правец.

Прогноза за 09.11.2023
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Сончево со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Прогноза за 10.11.2023
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 11°C до 17°C

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено попладне. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.11.2023
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно со локален дожд и ретки грмежи. На повисоките планини врнежите повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец.

Спонзорирано: