17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелска армија: Вечерашните операции не значат почеток на копнена офанзива

Петер Лернер, портпаролот на израелската армија, изјави дека сегашните операции што ги спроведува ИДФ на северот на Газа не значат почеток на копнена офанзива.

Лернер рече дека се спроведуваат операции за да се обезбедат услови за идна копнена офанзива.

– Противтенковските капацитети, извидничките позиции, како и терористите се уништени доколку ги најдеме во пограничната област. Тоа го правиме веќе неколку дена – изјави Лернер за ABC News.

Според извори во Газа, дошло до силна размена на оган меѓу израелската армија и палестинските групи. Според израелските медиуми, ИДФ веднаш не ги коментираше настаните.