17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Зајакнувањето на американското воено присуство на Блискиот Исток претставува опасност од „ескалација“ на конфликтот

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека зајакнувањето на военото присуство на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток претставува опасност од „ескалација“ на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Реагирајќи на дејствијата на САД, Лавров рече дека „колку повеќе држави преземаат ваков тип на проактивни мерки, толку е поголем ризикот и опасноста од ескалација на конфликтот“.

Сепак, шефот на руската дипломатија исто така призна дека се потребни напори на Вашингтон и на Европската унија за да се обезбеди дипломатско решение на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

– Мора да дејствуваме врз основа на заедничките потенцијали на земјите од регионот, Европската Унија, а веројатно и САД. Ќе ни биде тешко без нив – заклучи Лавров.