25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+КУЛТУРА

Костадиновска-Стојчевска: Иако вработените во култура не ги потпишаа решенијата добија покачување на платите

„Платите им се на сметка на вработените во култура. Мислам дека тоа дека тоа зголемување и овој месец и следниот месец и сите наредни месеци до стапување на сила на новата минимална плата, тие ќе си ги имаат своите плати, редовно исплатени на сметка. Тоа е знак дека и тоа како сме насочени кон тоа да има уште поголеми плати“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на Канал 5.

Таа додаде дека иако синдикатот одбил, морало да се најде правен механизам и во консултации со Министерството за труд и социјална политика и со Државниот инспекторат за труд било одлучено дека ова е најдоброто решение.

„Ако тие сметаат дека уште некое право им е прекршено, имаат право да се жалат, меѓутоа и ние како Министерство за култура ќе одговориме на тоа соодветно и правно издржано, дека тоа беше единствениот начин е единствениот пат тие да ги добијат своите плати“ рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката објасни дека вработените во култура, како вработени во јавниот сектор добиваат покачување од 10 отсто поради општиот колективен договор и тоа не го поткопува секторскиот колективен договор.