18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана најави дека ќе има акции во три фази во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги претстави акционите планови кои не вклучуваат долгорочна окупација на Газа.

„Ќе има три фази. Сега сме во првата, која е воена кампања која во моментов вклучува напади, а подоцна ќе вклучува и маневрирање. Целта е да се неутрализираат терористите и да се уништи инфраструктурата на Хамас.

Втората фаза би вклучувала операции со помал интензитет за искоренување на оперативците на Хамас, а третата би била повлекување на Израел и воспоставување нова безбедносна реалност за израелските граѓани“, рече Галант, според Волстрит џурнал. Сепак, министерот не наведе детали.

Најавата на Израел е план за ограничување на времето на акцијата во Газа, но дека тоа не значи дека сметаат оти ќе избегнат ширење на конфликтот. Израел нареди евакуација на град во близина на границата со Либан, што значи дека тие сметаат на друг фронт.