23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелскиот министер најави три фази на акции во Газа

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант ги претстави акционите планови кои не вклучуваат долгорочна окупација на Газа.

– Ќе има три фази. Сега сме во првата, која е воена кампања која во моментов вклучува напади и подоцна ќе вклучи маневрирање. Целта е неутрализација на терористите и уништување на инфраструктурата на Хамас.

Втората фаза би вклучувала операции со помал интензитет за искоренување на оперативците на Хамас, а третата би вклучувала повлекување на Израел и воспоставување нова безбедносна реалност за граѓаните на Израел – рече Галант, според Волстрит журнал.

Сепак, тој не соопшти детали.

Најавата на Израел е план за временски ограничена акција во Газа, но тоа не значи дека тие мислат дека ќе го избегнат ширењето на конфликтот. Израел нареди евакуација на град во близина на границата со Либан, што значи дека тие сметаат на друг фронт.