20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Израелскиот министер за одбрана им порача на војниците: Наскоро ќе ја видите Газа одвнатре

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант им рече на војниците собрани на границата со Газа дека „наскоро ќе ја видат палестинската територија одвнатре“.

Во соопштението од неговата канцеларија се цитирани зборовите на Галант: „Видете ја Газа сега од далечина, наскоро ќе ја видите однатре. Наредбата ќе дојде“.

Оваа негова изјава сугерира дека претстои копнена инвазија.

Израелската војска претходно соопшти дека нејзините сили се распоредени низ целата земја, зголемувајќи ја оперативната подготвеност за следните фази од војната, „со акцент на значајните копнени операции“.

израелското Министерство за одбрана исто така објави дека пристигнала американска пратка оклопни возила. Тие рекоа дека возилата „се префрлаат на ИД за да ги заменат возилата оштетени за време на војната“.