11.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата со порака до верниците: Застанете на страната на мирот

Папата Франциско денеска изрази жалење за „очајната“ ситуација во Појасот Газа, повикувајќи ги верниците да заземат само една страна во конфликтот меѓу Израел и Хамас – „страната на мирот“.

За време на неговата аудиенција на плоштадот Свети Петар, Папата директно не ја спомена експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа, за која Палестинците ја обвинија израелската армија (ИДФ), додека ИДФ тврди дека експлозијата била резултат на неуспешно лансирање на палестинската ракета „Исламски џихад“.

Папата повика да се направат сите можни напори за да се избегне хуманитарна катастрофа, пренесува Ројтерс.

Тој најави дека на 27 октомври ќе води пригодни молитви за мир, во базиликата Свети Петар, пренесува Танјуг.