Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

И дал 1.500 денари на заем но и го земал мобилниот како гаранција, подоцна ја условувал со 6.000 денари: кривична за радовишанец

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Ј.У. од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,лихварство’’.

Во септември 2023 година, на жена од Радовиш пријавениот ѝ дал 1.500 денари на заем, а за возврат барал да му врати 2.500 денари.
Додека, пак, како гаранција дека парите ќе бидат вратени ѝ го зел нејзиниот мобилен телефон.

Откако го побарала да му ги врати парите, пријавениот и рекол дека ако сака да ѝ биде вратен телефонот, потребно е да врати 6.000 денари наместо 2.500 денари, како што се договориле.

Можеби ќе ве интересира

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +