30.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Министерството на Косово: Нема официјална одлука за суспензија на визната либерализација

Министерството за надворешни работи на Косово денеска соопшти дека Приштина нема официјална одлука за суспензија на визната либерализација за своите граѓани.

Од Министерството посочија дека одлуката за ова ја носи Европската комисија, а не која било земја конкретно.

„Во врска со денешната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон, која дури се чини дека е погрешно протолкувана, ве известуваме дека институциите на Република Косово сè уште немаат добиено друга официјална одлука за визна либерализација“, соопшти Министерството.

Се додава дека одлуките за визниот режим се носат на ниво на ЕУ, а не на земјите-членки и дека „немаат информации дека е побарана или почната постапка за одложување на либерализацијата на визите за Косово“.

Ваквите постапки, како што посочуваат од Министерството, „имаат одредени временски ограничувања и одлуките се носат со однапред одредено мнозинство гласови“.

Макрон денеска во Тирана му се закани на Косово дека може да има откажување – стопирање на процесот за визна либерализација за Косово, кој ќе стапи на сила на 1 јануари 2024 година.

Тој, исто така, рече дека Франција одлучила да ги укине визите за граѓаните на Косово.

Таа изјава во Косово беше протолкувана како одлука за суспендирање на либерализацијата.