18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Европратениците бараат оставка од комесарот за проширување Оливер Вархељи

Во отворено писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група европратеници од групите Зелени, Социјалисти и Демократи, Левица и Обнови бараат оставка или разрешување на европскиот комесар за соседство и проширување, Оливер Вархељи. .

Во писмото се повикува Вархељи да „поднесе оставка“ или „да биде разрешен“ поради пречекорување на мандатот, откако најави прекин на помошта за Палестинците без консултација со владите на Европската унија.

Се наведува дека комесарот немал овластување за ова еднострано да одлучува, ниту пак официјално да го објави на своите сметки на социјалните мрежи и дека одлуката не била донесена во соодветниот процес.

Се потсетува дека ова не е прв пат Вархељи да ја „преминува границата“ и да оди против меѓуинституционалните правила.

Исто така, се наведува дека многу луѓе побарале негова оставка уште во февруари, откако тој на пленарната седница на Европскиот парламент ги нарече европратениците „идиоти“.

– Не ги одобруваме навредите што Вархељи ги упатува кон институциите на ЕУ и нивното демократско функционирање. Затоа бараме комесарот да поднесе оставка или да биде разрешен – се наведува во писмото.

Отвореното писмо до Фон дер Лајен ќе биде доставено подоцна денеска.

Нацрт писмото до првиот човек на Комисијата го потпишаа 12 европратеници.