17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Организирал шверц на 114 килограми кокаин: Перу бара државјанин на Црна Гора, уапсени 3 лица

Перуанската полиција трага по црногорски државјанин поради шверц на 114 килограми кокаин во Европа. Во акцијата на полицијата и обвинителството која спречи шверц и запленета дрога, уапсени се тројца перуански државјани, додека за пратката кокаин е идентификуван црногорски државјанин.

Идентитетот на црногорскиот државјанин се уште не е соопштен, додека тројца Перуанци се уапсени и приведени.

Тројца уапсени се под истрага за сторено кривично дело неовластена трговија со дрога.

Канцеларијата на обвинителството специјализирано за кривични дела неовластена трговија со дрога во градот Калао заплени 114 килограми кокаин, кој бил скриен во камион. Дрогата потоа требало да биде испратена во Европа со брод.

Се вели дека Сантијаго Хименез Веласкез, Хуан Реина Санчез и Сегундо Сангама Флорес се уапсени и ќе останат во притвор до 15 дена.

Во акцијата биле одземени три возила – меѓу кои и камион со дрога – како и 3.200 долари и 1.200 евра.

Според обвинителството во Кала, дрогата требало да биде испратена во Европа по морски пат.

Да потсетиме, Европол неодамна ја формираше Оперативната работна група „Балкански картел“, чиј член е и Црна Гора, со цел да се олесни размената на разузнавачки податоци за да се запре меѓународниот шверц на кокаин. Групата е формирана за да одговори на заканата од балканските криминалци.

Оперативната работна група ги обединува земјите од балканскиот регион, ЕУ и целиот свет, за да можат ефективно да ги таргетираат овие криминални мрежи под водство на членови тесно поврзани со криминалните групи во регионот.