18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тајани: Нема докази за непосредна терористичка закана во Италија

Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани во неделата изјави дека нема докази за непосредна терористичка закана во Италија по избувнувањето на војната меѓу Хамас и Израел и убиството на наставникот од страна на исламистички екстремист во Франција во петокот, пренесе Анса. .

– Италија прави се што е потребно за да ја гарантира безбедноста на нашите граѓани, почнувајќи од оние кои се Евреи – изјави Тајани за радиото РТЛ.

– Не постои ризик веднаш, но ништо не треба да се потценува – рече тој.

Министерот за одбрана Гидо Крозето во саботата изјави дека Италија мора да се подготви за економските и безбедносните последици од војната меѓу Израел и Хамас.

Тој рече дека една од опасностите е тоа што исламистичките борци можат да пристигнат во Италија со мигранти од Северна Африка и додаде дека размислува да го откаже одбележувањето на Денот на вооружените сили на Италија на 4 ноември годинава поради зголемени безбедносни ризици.