10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нападнат конвој Палестинци кои бегаат од Газа: Повеќето од 70-те убиени се деца (ВИДЕО)

Нападнат е конвој возила што се движел кон јужниот дел на Газа, а Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од север кон југ на Газа.

Жителите на Газа ги послушаа израелските предупредувања да ја напуштат областа и патот беше полн со сообраќај во текот на целиот ден.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи се гледаат најмалку 12 мртви тела, главно жени и деца.

Би-би-си јавува дека видеото е снимено вчера околу 17:30 часот по локално време.

Повеќето од телата се гледаат како лежат на задниот дел на камион со рамно лежиште, додека други се расфрлани преку патот. На видеата може да се видат и други оштетени возила.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека 70 луѓе биле убиени на самото место и го обвини Израел за нападот.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека спроведуваат истрага, но нагласија дека нивните непријатели се обидуваат да ги спречат цивилите да го напуштат северниот дел на Газа.