12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Уште утро топло, потоа значителен пресврт со времето – Метеоцентар ја објави деталната прогноза за следните денови

Утре ќе се задржи сончево и релативно топло преку денот.

Во текот на ноќта кон понеделник под влијание на продор на студена воздушна маса од север ќе почне да дува засилен северен ветер што во првите два дена од работната седмица ќе услови значително намалување на дневната температура за повеќе од десет степени. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и ветровито, претпладне со врнежи од дожд, а во вторник облачно и уште постудено со повремени врнежи преку целиот ден, особено во јужните делови. Од среда ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со пораст на дневната температура.

Прогноза за 16.10.2023
Минимална температура: 6°C до 16°C
Максимална температура: 15°C до 22°C

Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде пониска за околу десет степени во однос на претходните денови.

Прогноза за 17.10.2023
Минимална температура: 5°C до 14°C
Максимална температура: 12°C до 18°C

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, пообилни во јужните делови. Ќе дува салб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 18.10.2023
Минимална температура: 5°C до 13°C
Максимална температура: 17°C до 23°C

Умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.

Спонзорирано: