23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русите го гранатираа југот на Украина

Руските сили вчера го гранатираа јужниот регион Херсон и други делови на Украина, при што загинаа најмалку две лица, а десетици беа ранети, соопштија украинските власти.

Олександр Прокудин, гувернерот на Херсон, рече дека еден човек е убиен во руското гранатирање на северниот дел од регионот. Прокудин претходно објави дека десетина луѓе биле ранети во напади на разни места.

Руските трупи ги напуштија градот Херсон и западниот брег на реката Днепар во регионот кон крајот на минатата година, но сега редовно ги гранатираат тие области од позициите на источниот брег.

Во североисточниот регион Харков, гувернерот Олех Синехубов изјави дека еден човек загинал во гранатирање во близина на руската граница.