Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Николовски: Лозарите ќе добијат дополнителни 12 илјади денари по хектар поради болестите и климатски промени

„Поради болестите и намалената количина на грозје, дополнителни 12 илјади денари по хектар ќе добијат сите лозари кои пријавиле и поднеле барање во платежната агенција“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Тема на денот“ на Сител ТВ.

Тој додаде дека треба да се цени трудот на лозарите, бидејќи ова е традиционална гранка во нашата економија и покрај намаленото производство оваа сезона.

„Сепак нема силни реакции како претходните години бидејќи и лозарите и купувачите се договорија дека треба да се остави пазарот да ги дефинира цените и да нема забрани за извоз. Поради тоа тие очекуваат да нема проблеми со цените“ рече Николовски.

Министерот додаде дека очекува трендот на зголемување на цените од 30 отсто од минатата година да продолжи и сега.

„Со новиот модел на субвенционирање, до крајот на годината лозарите ќе добијат 30 отсто од субвенциите, односно 12 илјади денари по хектар. Останатите 28 илјади ќе ги добијат пред Св. Трифун. Не треба да се плашат, бидејќи ќе ги добијат целокупните субвенции од 40 илјади денари“ рече Николовски.

Можеби ќе ве интересира

ВЛЕН: Правичната застапеност добива европски печат и наскоро ќе влезе во Парламентот

ДЕСК

Филипче: Растот на БДП е резултат на поголемата потрошувачка на граѓаните заради инфлацијата, власта манипулира

ДЕСК

Филипче: Економската криза е од лошото владеење на ДПМНЕ, 62 милиони евра изгореа за увоз на струја

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.