17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
СВЕТ

Бројот расте: Најмалку 2.122 лица загинаа во силниот земјотрес што го погоди Мароко

Најмалку 2.122 лица загинаа, а 2.421 се повредени во силниот земјотрес што го погоди Мароко, соопшти МВР.

Меѓу повредените, 1.404 лица се во критична состојба.

Смртни случаи од земјотресот со јачина од седум степени се регистрирани во неколку региони, вклучувајќи ги Ел-Хуз, Тарудант, Чичауа, Тизнит, Маракеш, Азилал, Агадир, Казабланка и Јусуфија, се вели во соопштението на Министерството.

Кралот на Мароко, Мохамед Шести, по земјотресот што ја погоди земјата, прогласи тридневна национална жалост за време на која знамињата на јавните згради ќе бидат спуштени на половина копје.

Покрај тоа, кралот и наложил на владата да формира министерски комитет за програмата за обнова на куќите уништени од земјотресот.

Ова е најсилниот земјотрес што ја погодил оваа северноафриканска земја во последните сто години, објави Националниот институт за геофизика на Мароко.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните Алжир и Мавританија.

Мароканските власти започнаа акција за помош за подрачјата погодени од земјотресот.