17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украински дрон погоди фабрика што изработува делови од ракетите „Искендер“ во Русија

Силна експлозија одекна во фабриката Кремниј Ел во Брјанск, западна Русија, објавија локалните медиуми.

Гувернерот на Брјанск, Александер Богомаз потврди дека фабриката била нападната со дрон камиказа.

Кремниј Ел е една од најголемите фабрики за микроелектроника во Русија, каде се произведуваат и делови за производство на рускиот оперативно-тактички балистички систем Искeндер.