17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Oженетите и’ плаќале за да молчи – Хрватка заведувала бизнисмени, па им земала десетици илјади евра

Хрватските медиуми веќе пишуваа за фаталната Ана Марија (45), заводничка и измамничка која што заведувала мажи, па на крајот им изнудувала десетици илјади евра, а сега се осврнуваат на судските рочишта и сведочењата кои ја разоткрија нејзината „шема“.

Приказната првично беше објавена пред неколку години, а повод беше ослободителната пресуда за бизнисменот од Бјеловар кого Ана Марија го обвини за силување и го прати во затвор на еден месец. Подоцна неколку мажи стапиле во контакт со редакцијата на „Даница.хр“ кои исто така паднале на шармот на измамничката.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал, против неа во меѓувреме од тогаш до денес се поднесени повеќе пријави. Ја пријавил и маж кој купил стан во Загреб за да може да биде со неа. Завршил и во затвор бидејќи таа го обвинила за насилство.

Неколку жртви за порталот раскажаа како жената ги завела и измамила.

„Против Ана Марија поднесов кривична пријава поради сомнение дека ми украла неколку илјади евра. Тука не ги бројам ситните кражби од џебови или паричници“, рече тој.

И претприемачот Тихомир (48) од Бјеловар живеел низ пекол откако ја запознал жената. По неколкумесечно интензивно дружење и врски, Тихомир завршил во истражен затвор под обвинение за силување.

На крајот успеал да докаже дека е невин, па судот го ослободил.

Во меѓувреме се појавија многу неверојатни приказни за жената. Излегува дека најверојатно изнудила пари од 20-тина мажи кои и биле љубовници, јавуваат медиумите во регионот.

Тихомир за време на судењето изјави дека кобниот викенд биле во неговиот стан во Загреб, каде што ставил 3.000 во плико и го ставил во фиоката, а таа го видела. Парите исчезнале во текот на ноќта и, како што вели, ја прашал каде се, а таа станала хистерична и по расправијата повикала полиција.

Го обвинила за силување, но на суд се покажало дека сето тоа го измислила.

Нејзиниот поранешен работодавец, за кого Ана Марија водела книговодство, пред судот кажа дека таа е „многу комуникативна, интелигентна и привлечна жена која глуми жртва на самохрана мајка со болно дете и работи заведувајќи мажи“.

„Има и други мажи како Тихомир, но сепак и плаќаат за да молчи бидејќи се во брак. Во канцеларијата не повикаа три лица кои таа ги измамила, а едно од нив дојде кај нас. Не знаевме дали да плачеме или да се смееме по неговата приказна“, изјави поранешниот директор на Ана Марија.

На суд сведочеа и жени кои ја ангажирале Ана Марија да чисти куќи и станови. После тоа, многу вредни работи исчезнале од тие згради. За неа јавно сведочеа и други мажи кои ја запознале преку апликации за запознавање.

Земале кредити и и’ давале пари за да го лекува детето и да почне приватен бизнис. Останале без неколку десетици илјади евра, како што тврдат. Се’ е пријавено во полиција: измама, кражба, лажни пријави. Не се знае до каде напредува истрагата, пишуваат медиумите од регионот.