17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Aмерикански научник со денови заробен во пештера во Турција на над 1.000 метри длабочина

Повеќе од 170 спасувачи се во акција во Турција, обидувајќи се да спасат американски спелеолог заробен на длабочина од повеќе од 1.000 метри во пештера на југот на земјата, откако му се слошило за време на меѓународна експедиција.

Марк Дики (40) е заробен од саботата и не може сам да ја напушти пештерата Морка во планините Таурус во провинцијата Мерсин поради гастроинтестинално крварење, соопшти Европската асоцијација за спасување пештери.

Во соопштението за печатот се наведува дека Дики е „високо обучен спелеолог“ и дека и самиот е спасител.