17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Драма на Халкидики: исчезна жена во морето, а невремето се засилува

Непозната жена исчезна денеска во областа Торони на Халкидики. Како што пишуваат грчките медиуми, жената исчезнала на море додека била во кану.

Ја нема околу еден час, а силните ефекти од бурата „Даниел“ веќе почнаа да се појавуваат во областите на полуостровот Ситонија, пишува „Прототема“.

Се очекува брод и хеликоптер на крајбрежната стража да помогнат во потрагата по жената.

Драматични снимки пристигнуваат од Грција, особено од областа Волос и Пелион, каде поради поплавата многу автомобили завршија во морето.

Грчката полиција претходно денес забрани движење на возила на централниот град Волос и блискиот планински регион Пелион, бидејќи силната бура Даниел ја погоди областа, претворајќи ги улиците во поплавени порои. Забрана за сообраќај има и на Скијатос.