27.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украина потврди: Ние сме одговорни за нападот со дрон на рускиот аеродром

Претставник на украинската влада потврди дека Украина стои зад вчерашниот напад со дрон на рускиот аеродром во Псков. Се вели дека се оштетени или уништени неколку транспортни авиони.

Официјалниот претставник ги потврди локалните извештаи дека зад нападот стои украинската воена разузнавачка служба.

Како резултат на нападот со беспилотно летало беа оштетени четири авиони Ил-76. Избувнал пожар и се запалиле два авиони, јави руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

Руските медиуми објавија снимка на која се гледа густ црн чад над аеродромот.