24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Орбан е јасен: Америка лаже

Во интервју за американскиот ТВ-новинар Такер Карлсон, Орбан рече дека Украинците се „неконкурентни“ без помошта на Западот и дека затоа САД го имаат клучот за мирот во регионот.

„Тоа е лага. Не е само недоразбирање, туку лага. Невозможно е. Секој во политиката кој разбира логика, бројки, податоци – немаат шанси“, одговори Орбан, коментирајќи го преовладувачкото мислење во САД дека Украина победува.

„Ќе останат без војници пред Русија“, додаде тој.

Според Карлсон, бројот на убиените Украинци е стотици илјади, а Орбан додаде дека меѓу нив има и етнички Унгарци. Обидот на која било западна земја да испрати свои војници во Украина би значело „директна војна“ меѓу Западот и Русија.

„И веднаш ќе се најдеме во третата светска војна. Така што сега е многу опасен момент“, оцени Орбан.

Според него, Русите нема да го предадат својот лидер, тие ќе ја чуваат земјата да не се распадне и ќе ја заштитат, ќе инвестираат повеќе пари и ќе произведуваат повеќе оружје од нивните противници.

„Затоа не треба погрешно да ги разберете Русите“, рече Орбан.

Запрашан што би направил доколку биде на чело на НАТО и „да биде, да речеме, Џо Бајден“, Орбан одговори: „Мир, веднаш. И веднаш би го повикал (поранешниот американски претседател Доналд) Трамп. Тоа е тоа“.

Тој додаде дека ако САД сакаат да го вратат мирот до „утре наутро“, би можеле да го сторат тоа.

„Очигледно е дека Украинците не можат сами да го извлечат тоа. Тие не се конкурентни во оваа војна. Ако нема пари и оружје од Западот, особено од САД, тогаш војната е завршена. Одлуката е во ваши раце“, изјави Орбан.

„Се разбира, зборуваме за Украинците, тие не треба да се игнорираат, тие мора да бидат вклучени, но вистинскиот фактор не е Украина“, додаде тој.

Орбан, исто така, ја нарече идејата за одземање на Крим од Русија „целосно нереална“.

„Тоа не доаѓа предвид“, потенцира унгарскиот политичар.