17.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Три земјотреси во Србија

Три слаби земјотреси се регистрирани на територијата на Србија во текот на ноќта и утринава.

Според веб-страницата на Сеизмолошкиот завод, првите два земјотреси се регистрирани на подрачјето на Крушевац, додека третиот е регистриран кај Баљевац на Ибар.

Првиот земјотрес со јачина од 1,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран вечерва во 2 часот и 22 минути на длабочина од шест километри, а само минута подоцна следел уште еден со ист интензитет, на длабочина од девет километри. Во 3 часот и 20 минути е регистриран трет земјотрес со јачина од 1,6 степени, а епицентарот бил кај Баљевац на Ибар, на длабочина од седум километри.