22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Пригожин е мртов“, објави руската Управа за цивилно воздухопловство

Околу 22 часот, руската управа за цивилно воздухопловство потврди дека Евгениј Пригожин и Дмитриј Уткин загинале.

„Евгениј Пригожин и командантот на Вагнер Дмитриј Уткин беа на летот“, се вели во соопштението.

Сите десет лица во авионот, тројца членови на екипажот и седум патници, загинаа во авионската несреќа во регионот Твер. Основачот на Вагнер се најде на списокот на патници.

Патниците биле: Евгениј Пригожин, Дмитри Уткин, Сергеј Пропустин, Евгениј Макаријан, Александар Тотмин, Валери Чекалов и Николај Матусеев. Инаку, Чекалов бил на чело на службата за обезбедување на Вагнер. Членовите на екипажот беа: командантот Алексеј Левшин, копилотот Рустам Каримов и стјуардесата Кристина Распопова.

Смртта на Пригожин беше потврдена и од Греј зона, канал на Телеграм тесно поврзан со Вагнер.

„Шефот на Вагнер, рускиот херој и вистински патриот Евгениј Викторович Пригожин почина како резултат на постапките на руските предавници. Но, тој ќе биде најдобар дури и во пеколот. Слава на Русија!“ објавија тие.

Рускиот медиум Фонтанка објави дека во авионот што се урнал бил Евгениј Пригожин. Нивниот извор потврди дека во авионот биле и другите команданти на Вагнер. Уште еден авион, кој исто така се поврзува со Пригожин, слета на аеродромот Остафјево.

Спонзорирано: