12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грчки екстремист уапсен откако киднапирал бегалци кои ги обвини за шумските пожари

Грчката полиција уапси маж откако на социјалните мрежи беше објавено шокантно видео на кое се гледа како тој ги затвора бегалците во комбе и ги повикува другите жители да го сторат истото, тврдејќи дека тие се одговорни за пожарите, пишува Еурактив.

На видеото кое мажот го објави на своите социјални мрежи се гледа комбе во кое се затворени 25 бегалци и мигранти во областа Александрополис на северот на Грција, која со денови се соочува со пожари.

Човекот рече дека ги „уапсил“ бегалците и мигрантите бидејќи тие се одговорни за пожарите. Во нешто што изгледа како заблуда, тој ги обвини бегалците и имигрантите дека „ја запалиле Грција“ и ги повика другите да се организираат и да се угледаат на него.

Грчката полиција преку соопштение наведува дека се уапсени уште две лица кои наводно им помагале на екстремистите да „апсат“ бегалци. Видеото, кое беше оценето за срамно за земјата, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи бидејќи коментарите под објавата повикуваат човекот да ги „пали“ бегалците и мигрантите.

Невладината организација Движење Обединети против расизмот и фашистичката закана објави соопштение во кое ја повикува десничарската влада да ја прекине својата антиимигрантска реторика бидејќи тврди дека го отвора патот за вакви инциденти. Во текот на изминатите три дена Грција се справуваше со шумски пожари кои изгореа над 400.000 хектари земја во земјата.