17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова опција доаѓа на WhatsApp, многу корисници го чекаа ова

Милиони луѓе ширум светот се корисници на популарната апликација WhatsApp, а компанијата ја објави верзијата 23.16.00 заедно со апликациите Facebook, Instagram и Threads.

Голем проблем за корисниците на оваа мрежа беше „лошиот“ квалитет на фотографиите кои беа разменети.

За среќа, деновите кога корисниците мораа да користат дополнителни апликации за уредување фотографии конечно се минато, благодарение на големото ажурирање на WhatsApp.

Марк Цукерберг, извршен директор на матичната компанија на WhatsApp Мета, објави дека сега можете да испраќате фотографии на WhatsApp во HD квалитет.

Закерберг ја сподели веста на својата Фејсбук страница, објавувајќи видео на кое се гледа како функционира новата функција.

Сè што треба да направите е да ја отворите апликацијата WhatsApp и да допрете на разговорот во кој сакате да испратите HD фотографија. Допрете го симболот „+“ во долниот лев агол на екранот, а потоа изберете „Фото и видео“.

Откако ќе ја изберете фотографијата што сакате да ја споделите, треба да видите нова HD опција на горниот дел од екранот. Изберете ја, а потоа допрете ја иконата со сината стрелка во долниот десен агол на екранот и фотографијата ќе биде испратена во HD резолуција.

Спонзорирано: