10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: Грција ќе ги обучува нашите пилоти за Ф-16

Грција ќе учествува во обуката на пилоти на украинските воздухопловни сили за авиони Ф-16, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. Данска и Холандија во неделата објавија дека ќе ги испорачаат првите Ф-16 на Украина.

– Денеска имаме важен резултат за воздухопловната коалиција. Грција ќе учествува во обуката на нашите пилоти за Ф-16. Благодарен сум за овој предлог – рече Зеленски на заедничката прес-конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис во Атина.

Зеленски ги презентираше деталите од програмата за обука. Официјални лица на 11-члената коалиција рекоа дека обуката за пилоти за Ф-16 ќе се одржи во Данска и Романија. Претходно денеска, Зеленски пред толпата во Данска изјави дека ветената испорака на Ф-16 го убедила дека Украина може да стави крај на руската инвазија.