18.8 C
Скопје
2. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешниот премиер на Тајланд утрово се врати во земјата: Осуден на осум години затвор

Поранешниот премиер на Тајланд и милијардер Таксин Шинаватра е осуден на осум години затвор.

Тој утрово се врати во Тајланд по 17 години во егзил. Затворската казна опфаќа три различни случаи на злоупотреба на положбата и проневера, незаконско наредување на државна банка да издава странски кредити и незаконско поседување акции преку номинирани лица.

Шинаватра претходно денеска беше изведена пред Врховниот суд. Кога Шинаватра отиде во самонаметнат егзил, соочен со низа обвиненија за корупција откако беше соборен со воен удар, тој напиша – „Ако имам среќа ќе се вратам и ќе умрам на тајландска почва“.

74-годишникот денеска со приватен авион полета за Бангкок. Шинаватра е најистакнатиот политичар во Тајланд со децении, одржувајќи огромно влијание и покрај тоа што со години не е во земјата.

– Со ова се затвора клучното поглавје во тајландската политика – рече Титинан Понгсухирак, политиколог од Универзитетот Чулалонгкорн, за враќањето на Шинаватра.