24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Дете колабирало на музички фестивал, починало на пат кон болницата во Британија

Дете починало откако колабирало на музичкиот фестивал „Camp Bestival“ во Шропшир, пишува „Sky News“.

Полицијата во Стафордшир соопшти дека полицајците биле повикани во раните утрински часови во саботата, по извештаите дека на детето му се слошило на фестивалот.

Полицијата во соопштението наведува: На детето му била укажана лекарска помош на местото на настанот и во критична состојба е пренесено во болница. За жал, детето по кратко време починало.

Портпаролот на кампот „Бестивал“ соопшти дека на детето му се слошило во петокот вечерта и дека веднаш била укажана итна медицинска помош.

„Беше однесен со брза помош во болница, каде трагично почина. Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со семејството во овој страшен момент и ќе продолжиме да ги поддржуваме на секој начин“, изјавил тој.