25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација/Pixabay
СВЕТ

620 лица починале во Мозамбик поради штрајк на здравствените работници

Најмалку 620 лица починале во централната болница во градот Мапуто во Мозамбик во изминатите 40 дена како резултат на штрајкот на здравствените работници.

Лекарите од Мозамбик штрајкуваат првпат во историјата на земјата и го продолжија штрајкот за уште три недели и покрај тоа што добија смртни закани.

За тоа време ќе се обезбеди минимална услуга за пациентите, велат лекарите, за да не страда населението.

Работниците што штрајкуваат велат дека им недостигаат лекови и витална опрема – па дури и мора да платат од својот џеб за да набават амбулантни возила со основна опрема. Тие велат дека немаат друг избор, освен да штрајкуваат и бараат да биде разрешен министерот за здравство, Арминдо Тијаго.

Владата, сепак, вели дека жали што лекарите донеле одлука да го продолжат својот штрајк и покрај напредокот, како што вели, дека го постигнале во исполнувањето на нивните барања.