24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОН се „крајно вознемирени“ од ракетниот напад врз Чернихив

„Крајно сум вознемирена од веста за уште еден руски напад што неодамна го погоди срцето на Чернихив, во северна Украина, убивајќи и ранувајќи десетици цивили, вклучително и деца“, рече во изјавата Дениз Браун, шефица на ОН во Украина.

„Криминално е да се напаѓа главниот плоштад на голем град наутро, додека луѓето шетаат, а некои одат во црква за да одбележат верски ден за многу Украинци“, додаде таа. Браун го осуди „образецот на руско бомбардирање на населени области во Украина, што предизвикува смрт и масовно уништување“.

„Нападите насочени против цивили или цивилни објекти се строго забранети според меѓународното хуманитарно право“, рече таа. „Тоа мора да престане“.