22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Обилни дождови предизвикаа поплави во Германија, заглавени возила, во Нирнберг прекин на струјата

Обилните врнежи на југот на Германија предизвикаа поплави во сојузната покраина Баварија.

„Интензивните врнежи од дожд и силните ветрови во градот Нирнберг и неговата околина предизвикаа значителна штета, вклучително и соборени дрвја и ќерамиди“, се вели во соопштението на полициската управа „Мителфранкен“.

Надојдените води потопија подруми, подземни гаражи и многубројни улици и подвозници.

Неколку возила заглавија во поплавените подвозници, а многу автомобили останаа заглавени на поплавените патишта.

Фотографиите објавени во локалните медиуми покажуваат дека спасувачките тимови управуваат со чамци на надувување за да помогнат во итен случај.

Во разни делови на Нирнберг имаше прекини на струјата.

Германската железничка компанија „Дојче бан“ извести за прекини во железничкиот сообраќај поради неповолните временски услови бидејќи возовите повеќе не застануваат на станиците во Улм и Гунцбург, јавува АА.

Спонзорирано: