16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Дојава за бомба во зградата на државната телевизија во Војводина

Поради закана од бомба, пред речиси половина час биле евакуирани и двете згради на Радио-телевизија Војводина (РТВ), пренесува „Бета“.

Ваква дојава се случи и пред две вечери кога преку електронска пошта беше испратена закана за бомба до јавниот сервис во Војводина.

Како што тогаш беше соопштено од таа куќа, специјална единица на српската полиција детаљно извршила увид во зградите на РТВ и утврдила дека нема опасност, а вработените се вратиле на работните места.

РТВ и претходно беше цел на лажни извештаи за поставена бомба, а една од нив беше снимена на 10 август.

Спонзорирано: