17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Ме истепа оти храната не му била вкусна“ – објавен исказот од Низама која беше брутално убиена во Градачац

Oбјавен е исказот што пред полицијата го дала Низама Хеќимовиќ, пред да биде убиена од нејзиниот насилен партнер, Нермин Сулејмановиќ во Босна и Херцеговина.

Пред убиството, Хеќимовиќ го пријавила Сулејмановиќ дека ја тепал и ја малтретирал.

Во исказот што го објави „Аваз“ жената пријавила дека била претепана на 3 јули околу 19 часот и 30 минути во семејната куќа на Нермин Сулејмановиќ поради тоа што храната не му се допаднала.

Хеќимовиќ кусо потоа побарала да му се забрани на Сулејмановиќ да и се приближува.

„Како невенчана сопруга сакам да го искористам законот. Не сакам да давам изјава за настанот што го пријавив на 4 јули, но сакам на мојот невенчан сопруг да му се забрани да ми приоѓа, малтретира, а ситуацијата околу нашето дете ја разрешува надлежната институција. Јас повеќе не сакам да живеам со Нермин Сулејмановиќ, излегов од неговата куќа со моето дете и имајќи предвид дека Нермин е насилна личност. Тој се закани дека ќе ме најде каде и да сум“.

Нермин Сулејмановиќ во петокот на 11 август изврши масакар убивајќи ја Низама, по што усмрти уште две лица и на крајот се самоуби.

Со решение на судот во Градачац, за Нермин Сулејмановиќ не беше изречена забрана за приближување. Еден месец подоцна дошол во куќата во која била Низама и брутално ја убил и сè снимил на Инстаграм.

Спонзорирано: