24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Италија: Во пожар во дом за стари лица, едно лице загина, 11 се повредени

Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во пожар што избувна во дом за стари лица во северниот италијански град Парма, објавија во понеделник локалните медиуми.

– Шеесет и двегодишна жена загина во пожарот во домот за стари лица „Каса ди Аријана“, кој го води приватната задруга „Авитас“, соопшти државната новинска агенција АНСА.

Уште 11 лица се хоспитализирани поради вдишување чад и никој од нив не е во тешка состојба.

Властите покренаа истрага за инцидентот.

– Сакам да испратам порака со сочувство до семејството на жртвата и моите мисли до оние кои во моментов се во болница поради вдишување чад – изјави градоначалникот на Парма, Микеле Гуера.