22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Илјадници Полјаци без струја по силните бури

Илјадници домови во Полска денеска останаа без струја по силно невреме и обилни врнежи во текот на викендот, соопштија властите. Во североисточниот регион Подлаские, 7.500 домови беа без струја во понеделникот, соопшти комуналното претпријатие РГЕ. Во блиската Вармија-Масурија, бројката беше 5.000.

Силно невреме во неделата ги зафати сите делови на земјата. Полската противпожарна служба соопшти дека била повикана на околу 2.500 интервенции.

Од невремето се повредени две лица, а во јужните планини Крконоше, превентивно е евакуиран камп со околу 200 извидници, објави агенцијата ПАП повикувајќи се на официјални извори.

Предвиденото невреме со грмотевици во Варшава заврши само со слаб дожд. Предупредувањата за невреме со грмотевици се уште се во сила и денеска за полскиот брег на Балтикот.