24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Грција се подготвува за невреме: „Петар“ им се заканува на три региони

Поради невремето „Петар“ што денеска се очекува да го зафати западниот и северниот дел на Грција порака од бројот 112 за итни случаи со предупредување за силно невреме, претпладнево добија сите оние кои се наоѓаат во грчките области Епир, Етолоакарнаниа и Јонските острови.

Невремето ќе донесе обилни врнежи на дожд, висока фреквенција на молњи и град. Министерот за климатски кризи и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас синоќа свика вонреден состанок „со цел да постои најголема можна координација на сите надлежни органи“.

Кикиљас истакнал дека „целиот механизам на цивилната заштита е во состојба на готовност“ за да може да се преземат неопходните превентивни мерки, но и веднаш да има справување со евентуалните проблеми поради опасните временски појави.

На состанокот било одлучено доколку биде потребно да се активира бројот 112 со предупредувачки пораки до одредени области во зависност од текот на невремето.