12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нема штети кај ветерниците, некои од нив беа превентивно исклучени поради опасноста од пожарот

Екипи на АД ЕСМ се на терен и утврдено е дека нема никакви штети на ветерниците до кои стигна пожарот што вчера избувна во близина на ветерниот парк „Богданци“.

Исто така, нема никакви сигнали или исклучувања од заштитата во трафостаницата.

ЕСМ објави дека пожарот избувнал во носкостеблеста шума и сува трева, а бргу зафатил поголема површина и се проширил кон ветерниот парк „Богданци“. Поради тоа, превентивно биле исклучени дел од ветерниците – 2 групи по 4 ветрници, кои биле најблиску до пожарот и потенцијално загрозени.

По направената проверка на филтрите и јавувачите за пожар во секоја ветерница, тие се повторно вклучени во производниот процес.

Пожарот веќе е ставен под контрола и во моментот нема активен пожар во непосредна близина на ветерниците.