25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Најмалку 43 лица загинаа во полициска акција: Училиштата затворени

Најмалку 43 лица загинаа во полициска рација која ги разби бразилските нарко картели. Во последната операција во Рио де Жанеиро, полицијата соопшти дека возвратила со пукање во областа Комплексо да Пења во која загинаа најмалку 10 луѓе, пишува Yahoo.

Претходно, 14 лица загинаа во судирите за време на петдневната полициска рација во Сао Паоло.

Дополнително, властите соопштија дека од петокот во Баија биле убиени 19 лица. Во Сао Паоло уапсени 58 лица, а полицијата запленила 385 килограми наркотици, но и оружје Училиштата лоцирани во деловниот комплекс Комплексо да Пења денеска се затворени, поради што околу 3.220 ученици биле принудени да останат дома. .

Во Ел Салвадор, во судирите меѓу полицијата и вооружените осомничени загинаа четири лица, поради што училиштата во областа беа затворени од вторникот.