25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

17 руски војници отруени во Мариупол: Ставиле ли цијанид во храната?

Проукраинските активисти наводно отруле руски офицери во окупираниот Мариупол.

Ова го изјави локален претставник. Петро Андриушченко, советник на украинскиот градоначалник на градот, изјави дека 17 руски војници се префрлени во болница во тешка состојба, а двајца од нив веќе починале.

Властите велат дека најверојатно биле отруени со цијанид и пестициди кои биле ставени во храната, а зад тоа би можела да стои таканаречената „група Y“, проукраинско движење на отпорот во Мариупол. Андриушченко додаде дека војниците масовно се труеле во руската воена база во градот, додека во неделата го прославувале Денот на руската морнарица, пишува Sky News.