12.8 C
Скопје
23. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+СВЕТ

Европски пат: Баста наскоро со Зеленски во Украина

Движењето Европски пат денеска објави дека неговиот претседател Раде Баста планира наскоро да го посети претседателот на Украина, Володимир Зеленски, „чија земја е во војна по катастрофалната агресија на Руската Федерација врз соседна земја“.

Баста, како што се наведува, „е во редовна комуникација со украинските пријатели и ги поддржува во борбата за зачувување на земјата и намалување на страдањата на украинскиот народ“.

„Крајно време е Србија да стане дел од цивилизираниот западен свет, а не да ги нарекува пријатели оние кои ја уништуваат Украина и украинскиот народ. Со нетрпение очекувам да се сретнам со претседателот Зеленски“, се вели во писмената изјава на Баста.

Движењето потсети дека Баста „неодамна беше сменет од функцијата министер за економија во Владата на Република Србија бидејќи јавно повика Србија да воведе санкции кон Руската Федерација, која започна страшна војна со несогледливи последици на европско тло. “